Реклама
Вирално

Руски академик гласно го кажува она што сите го премолчуваат: Кога ќе заврши епидемијата на коронавирус?

Реклама

Коронавирусот во Русија би можел да стивне на почетокот или кон половината на јуни, а таков заклучол може да се донесе врз основа на досегашните искуства, изјави академикот на Руската академија на науките, пулмологот и шеф на Катедрата за болничка терапија на Рускиот истражувачки медицински универзитет „Пиргов“ Александар Чичаљин.

– Врз основа на стекнатото искуство може да се смета дека во јуни, дали на почетокот или кон крајот, вирусот ќе исчезне, рече Чучаљин, во текот на онлај конференција во агенцијата „Русија севодња“.

Тој прецизираше дека инфекцијата сега добила потенцијата, а едно заразено лице во просек инфицира 2-3 лица.

Маркетинг

Во Русија до ден денес се забележани 24.490 случаи на зараза со Ковид-19, од што починаа 198 лица. Под лекарски надзор се околу 130 илјади луѓе во оваа земја.

Светската здравствена организација на 11. март ја прогласи епидемијата од новата инфекција од коронавирусот Ковид-19 за пандемија. Според последните податоци, во светот се забележани повеќе од два милиони случаи на зараза, а починаа над 126 илјади луѓе.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button