Некогаш славниот фудбалер Роналдо (42) овие денови со девојката Селин Лок ужива во одморот на шпанскиот остров Форментера.
Таму ги изненадил фотографите, како и обожавателите, со непрепознатливиот изглед.
Имено, годините пауза од спортот, активностите и секојдневните тренинзи го направиле своето.
Бразилецот со белата кошула дополнително ги истакнал ставените килограми, а пуштил и коса па сега „негува“ локни.
Младата манекенка облекла ленен комплет, скапоцени кожни папучи и дизајнерска торба.
Инаку, Роналдо од играчката кариера се прости во 2011. година после сензационалните успеси кои ги постигнал со својот тим, но и репрезентацијата. Дури три пати беше прогласен за најдобар фудбалер на светот, во извор на ФИФА.
„Тоа не е тешко, сакам да играм, го сакам фудбалот и тоа е мојот живот, мојот цел свет. Кога престанав да играм, престанав и да тренирам бидејќи имав многу сериозни повреди и бев во големи болки“, изјавил во една пригода Роналдо.