Роденденот го славеше во Австралија, а најубавиот подарок пристигна од Македонија – Татјана Лазаревска откри што ја израдува!

Макeдонската пејачка слави роденден, па откри од кој го доби најубавиот подарок и ги воодушеви сите.

Татјана Лазаревска е долги години дел од македонската музичка сцена, а зад себе има кариера на која може да ѝ позади секој пејач.
Кога ќе започне нејзината „Аце, аце” нема човек кој не е на нозе.
Зад себе има многу хитови без кои не може да помине ниту една свадба или семејна прослава.

Долги години е во брак со пејачот Новица Василевски.
Важат за еден од најскладните парови на македонската сцена.
Нивната ведрина и позитивна енергија буквално освојува.

Кога тие двајца ќе запеат, добрата забава е загарантирана.
Иако и во Македонија беа доста ангжирани и заработуваа, Новица и Татјана во 2015 година заминаа во далечната Австралија во потрага по подобар живот за нив и нивните деца.
Круна на нивната љубов се Стефан и Мартин, кои се нивна најголема гордост.

Пејачката на социјалните мрежи се пофали дека имаат нова куќа која е уредена според нивните желби и потреби, и во која често доаѓаат колеги од Македонија.
На 12. февруари Татјана славеше роденден, па по тој повод сподели неколку фотографии и видеа на социјалните мрежи.
Бидејќи во моментов во Австралија е лето, пејачката роденденот го славеше прво на плажа.

Роденденска торта, нова фризура и фустанчиња кои одлично ја истакнуваат нејзината линија….Татјана изгледа подобро од било кога.
Самата откри дека полни 47 години, но на нејзиниот изглед може да позавидат и многу помлади девојки.

Најубавиот роденденски подарок за неа всушност е доаѓањето на нејзината мајка.
„Најважниот подарок за мојот роденден пристигна директно од Македонија, мојата мајка Снежана Лазаревска“, пишува во опис на фотографијата.

Како шлаг на тортата, вечерта пејачката ја заврши во еден локал, заедно со многу нејзини драги луѓе со кои заедно танцуваа и пееја.
Погледнете:
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Инстаграм / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска
ФОТО: Фејсбук / Татјана Лазаревска