Реклама
Home Sweet Home

Родена во скромно семејство, денес ужива во милиони – погледнете го луксузниот дом на Брена и Боба

Брена денес живее во куќа вредна милиони, а порасна во скромен, мал стан во кој живеше со семејството

Реклама

Брена и нејзиниот сопруг Боба најмногу време минуваат во нивната луксузна вила што ја имаат во главниот град на Србија.

Познатиот пар живее во еден од најубавите делови на градот, а во нивна близина живее и синот на Бобан Филип и снаата Александра Пријовиќ.

Покрај овој раскошен имот, Брена и Боба имаат и луксузна вила и во Мајами во која престојуваат кога се во Америка.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Пејачката ретко покажува како изгледа внатрешноста на нејзиниот дом и тоа најчесто го прави кога е нивната куќна слава, па понекогаш знае да објави фотографии на социјалните мрежи.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Исто така во една пригода таа ги има отворено портите и за една телевизија, кога можевме да видиме како изгледа рајот во кој што живее.

Фото: Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ

Фото: Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ

Во прашање е голема куќа направена од црвена цигла, а во огромниот двор имаат голем базен во кој уживаат преку летото.

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Во вилата доминираат беж и златните нијанси, а на скапоцениот мебел можат да се забележат и позлатени детали.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Прва ТВ

Целата куќа е пространа и има доста природна светлина, со неколку спални и неколку соби за дневен престој.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Прва ТВ

Исто така тука се и базенот и турската бања, места на кои целото семејство ужива во домот во кој Брена и Боба живеат веќе со децении.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Прва ТВ

Но не било отсекогаш така -Брена со својата сестра Факрета и братот Фарук пораснале во скромен стан, но полн со љубов.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Прва ТВ

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Прва ТВ

„Пораснав со родителите, сестра ми и братот, во стан во Брчко. Кога ќе помислам на периодот на растење, ќе се сетам на прекрасните утра и преубавиот мирис што допира од кујната додека мојата мајка го подготвуваше појадокот. Потоа би седнала на машината, би почнала да шие и да пее севдалинки“, откри во една пригода фолк-дивата, пренесува „Стори“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Гранд

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Гранд

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Гранд

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Гранд

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button