Родена во затвор, а се запиша на правниот факултет на Харвард – матурантка што ги воодушеви сите
Тинејџерка од Тексас родена во затвор се запиша на Харвард
Тинејџерка од Тексас која се роди во затвор доби полна стипендија за Харвард, а нејзината менторка објаснува како успеала да ги оствари своите соништа.
18-годишната Ски Кастнер во четвртокот дипломираше како една од најдобрите во својата генерација во училиштето.
Нејзиниот ментор Мона Хамби ја пофали што успеа да ја постигне својата цел и да се запише на Харвард иако беше родена во сиромашна средина.
Тинејџерката е родена во затворот во округот Галвестон каде нејзината мајка беше затворена во тоа време.
Целиот свет и се восхитува на тинејџерката од Тексас која е родена во затвор и која успеа да добие целосна стипендија за Харвард.
Имено, тинејџерката Аурора Скај Кастнер се најде во центарот на вниманието откако нејзината неверојатна приказна ја откри нејзината долгогодишна менторка, Мона Хамби, која што се грижеше за неа.
Мона открива дека Скај обожава да чита книги и дека успеала да добие место на Правниот факултет на Харвард со што ја постигнала својата животна цел која што ја поставила пред себеси уште во основно училиште.
Скај порасна заедно со својот самохран, биполарен татко кој заедно со нејзината менторката Мона и неколку други членови на локалната заедница, ги прославија нејзините успеси заедно со најблиските на матурската.
Нејзината фотографија од пред училиштето го заобиколи светот, а на неа таа позира гордо во фустанот и капата во металик златна нијанса.
Нејзината менторка со гордост зборуваше за нејзините достигнувања, сеќавајќи се како Скај како тинејџерка ги открила своите неверојатно тешки почетоци во животот преку есеј за пријава во училиштето.
„Родена сум во затвор“, таа го започнала тогаш своето писмо за пријава. Но токму затоа и нејзините успеси се толку импресивни, вели Мона.
Таа е родена зад ѕидовите на затворот во округот Галвестон (на сликата) каде што нејзината мајка била затворена во тоа време.
Но со својата упорност и „ненаситно“ читање книги, таа успева да ги преброди сите препреки во животот и да го оствари својот сон.
На социјалните мрежи и Скај и Мона споделија фотографии од овој посебен момент за оваа млада девојка.