Пејачката конечно го пронајде вистинскиот маж за себе
Поп дивата се појави на еден настан каде даде интервју заради кое многумина помислија дека е во блажена состојба.
Имено, пејачката е во врска со Хасан Џамил (29), а неодамна призна дека најголема желба и е да се оствари како мајка.
„Јас сум Афроамериканка. Ме роди Афроамериканка, која што ја роди Афроамериканка, која исто така ја роди Афроамериканка, па така и јас ќе родам Афроамериканка. Мојата мајка е неверојатен пример како треба да се бориме против препреките во животот. Сигурна сум дека и нејзината мајка неа ја научила така и таква ќе бидам и јас. Ние сме беспрекорни и посебни и светот ќе мора да се носи со тоа“, изјави Ријана во една пригода.
„Жената дословно најави дека наскоро ќе роди“, „Не можам да поверувам! Оваа вест ми го разубави денот“, „Рири ќе биде совршена мајка“, коментираа нејзините бројни обожаватели на социјалните мрежи.