TV

РИТА Ора се кикоти со НОЛЕ – Косовските фанови ја ставија пејачката на линч

Реклама
Реклама

Рита Ора седеше до Новак Ѓоковиќ на фудбалскиот стадион „Стад де Франс“ во Париз, со цел да го проследат финалето на Светското првенство во рагби. Голем број познати личности беа забележани во публиката на натпреварот меѓу репрезентациите на Нов Зеланд и Јужна Африка. Ора го следеше спортот во друштво на сопругот Таика Ваитити, кој е голем фан.

фото/Принтскрин

Но сепак, најповеќе вниманието го привлекоа тенисерот и пејачката кои беа уловени како од душа се смеат за нешто. Фоторепортерите успеаа да ги забележат моментите кога пејачката со косовско потекло и српскиот тенисер разговараат и се смеат за време на натпреварот.

фото/Принтскрин

Ова привлече големо внимание во јавноста, при што Рита доби јавен линч од публиката во Косово. Имајќи ги предвид затегнатите односи меѓу Албанија/Косово и Србија, Ора наиде на критики во албанските медиуми поради пријателскиот однос со српскиот ас.

Маркетинг

На видеото погледнете како изгледаше овој момент:

Маркетинг

Ова не е првпат Рита Ора да биде во фокусот на вниманието поради Србија,

Се сеќавате дека  за веме на нејзиниот неодамнешен настап во Унгарија, таа се покри себеси со зеде српско знаме кое го позајми од публиката?!

Поради оваа постапка, таа мораше да се оправда дека го помешала со унгарското.

„Синоќа настапив на СЗИН фестивалот во Угарија, каде што добив знаме од еден млад обожавател. Поради светлата, кои беа директно упатени кон мене, не можев да видам за кое знаме станува збор. Штом се симнав од сцената, сфатив дека не е српското знаме, а не унгарското“, објасни  тогаш таа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button