Ретко ја гледаме во јавноста – еве како изгледа сопругата на Благоја ГРУЈОВСКИ која од него е помлада 20 години!
Малкумина знаат како изгледа убавата сопруга на еден од нашите најпознати македонски пејачи
Познатиот пејач ужива во љубовта со својата поубава половина Ирена, со која го има синот Марко.
Таа ретко се појавува во јавност, па секоја нивна заедничка фотографија преставува изненадување за фановите.
Имено, малкумина знаат како изгледа сопругата на познатиот пејач која од него е помлада 20 години. Тој е среќно оженет со својата сопруга Ирена, со која го има синот Марко, но со неа ретко се појавува во јавност.
Еве како изгледа сопругата на Благоја Ирена:
Таа му го освои срцето и во 2009 година застанаа на лудиот камен. Но тие својата приватност скржаво ја чуваат од медиумите и не сакаат публицитет.
Тие претходно беа во врска две и пол години, а Ирена беше во шестиот месеци од бременоста на свадбата.
Инаку ова е втор брак на пејачот. Тој претходно беше во брак со водителката Татјана Стојановска со која го има синот Матеј.
Тие се во одлични односи, а неговите синови од двата брака не ретко се дружат и одлично се согласуваат.
Македонскиот Доријан Греј
Инаку, Благој покрај тоа што е пеач, тој по професија е и новинар. Тој е син на познат автор и истакна музички деец Мате Грујовски, а воедно е и претседател на Здружението на естрадни уметници на Македонија. Токму поради овој свој ангажман неодамна се најде ви центарот на вниманието кога на својот Фејсбук профил објави фотографии од половен автомобил на продажба. Веднаш се крена прашина дека познатиот пејач решил да го продаде автомобилот за да се соочи со кризата во која што се најде откако на музичарите им забранија да настапуваат. Но Грујовски ги демантираше овие гласини и наведе дека само сакал да му помогне на еден свој пријател за побрзо да го продаде автомобилот.
Пејачот тогаш се осврна и на актуелниот проблем што го имаат музичарите заради забраната за настапи, укажувајќи на тешката состојба во која се наоѓаат заради заострувањето на мерките и неможноста да настапуваат.
Заради неговиот физички изглед кој веќе со децении не се менува и изгледа како и на почетокот од својата кариера многумина го нарекуваат македонскиот Доријан Греј. А како што самиот изјави во интервју за Свет Австралија, тајната за неговиот изглед се крие во умереноста.
„Умереност, во секоја смисла. Во исхрана, физичка активност, во пороци, во забава и комуникација, во мислење и емоции, однесување, амбиции и очекувања“, изјави тој.
Што се однесува до тоа дали неговата сопруга е љубоморна што постојано е во друштво на убави девојки тој вели дека има убав соживот со своите колеги и колешки кои ги доживува како браќа и сестри, па неговата сопруга не е љубоморна и добро ја разбира професијата што ја работи.
Во продолжение погледнете уште неколку интересни фотографии од неговиот профил на социјалните мрежи.