Ретко ја гледаме во вакво издание: Тања Стојановска како познатите ХОЛИВУДСКИ ЅВЕЗДИ – ѝ нема рамна на убавината
Македонската водителка уште еднаш покажа зошто е една од најубавите и најдобро стилизираните жени на македонската јавна сцена.
Татјана Стојановска ја нарекуваат македонската Моника Белучи поради нејзината безвременска убавина, грациозност и витка става, што потсетува на светски познатата актерка.
Тања иако ја гази петтата деценија од својот живот, сепак може да се каже дека изгледа фантастично. Годините ништо не ѝ можат на водителката, времето како да запрело за неа.
Одмерена, отмена, скромна, ненаметлива. Секогаш професионална и една од ретките која се труди да го негува литературниот изговор.
“Сепак јас и како ученик доста внимавав на литературниот јазик, во училиште, и во основно и во средно секогаш сум учествувала на тие секции по македонски јазик, на приредби, рецитации, така што го имав тоа во себе.
Таа дарба, тој талент за почитување за добра дикција. Тоа беше препознаено и од луѓето во Македонската телевизија, меѓутоа настапот на екран е сосема различен.
Ги учевме сите тие техники на дишење, совладување на техниките на камера да се зборува, меѓутоа се внимаваше и се даваше големо внимание на акцентирањето, на дикцијата, на интонација, на почитувањето на македонскиот литературен јазик.
Тогаш јас на еден начин како еден млад човек, иако сум сум внимавала и претходно, влегов со таа екипа кога навистина многу се почитуваше јазикот и говорот на екранот.
Сметам дека за нашава професија е исклучително важно, водители, презентери, луѓе коишто се обраќаат на јавноста, тие го креираат всушност и негувањето на македонскиот литературен јазик, и го имаат како задача, како обврска, како нешто коешто мораат да го прават.
Така што, сум внимавала и кога ќе сум згрешела, самата сум се прекорувала секогаш, корективот во мене секогаш постоел и велат дека на некој начин ние сме оние коишто ги учиме младите генерации, коишто ги учиме сите луѓе.
Ние се обраќаме на една широка публика, луѓе коишто се со различно ниво на образование, луѓе коишто се од различни делови на Македонија, па и регионот, не следат и регионално, не следат и во странство нашинците.
Така што влијаеме со нашето говорење, да го научат децата правилниот изговор, да го научат младите генерации правилниот изговор, па еве и кога ќе речам и во дијаспората влијаеме на младите, за да го следат и учат македонскиот литературен јазик”, изјави водителката во емисијата” Приказна”.
Уште од многу млада е дел од јавната сцена.
Својата кариера ја започнала во далечната 1992 година кога победи и ја освои титулата Мис Македонија, а потоа и Мис Планета во соседна Бугарија.
Ретко експериментира со изгледот и секогаш се држи до класичниот дамски изглед, а и нејзината професија не дозволува премногу нападност.
Промена знае само да направи само во должината на косата. Но, јавноста ја сака таква каква што е и не за џабе со години е на врвот.
Колку и нови генерации да дојдат, публиката секогаш ќе ја бара неа.
Во 1999 година дипломирала на Економскиот факултет на УКИМ, а бидејќи нејзиниот син тогаш се уште бил мал, не планирала да продолжи на постдипломски студии.
Тоа го сторила речиси 15 години подоцна, односно поточно во 2013, кога магистрирала човечки ресурси.
Деновиве таа сподели фотографии од отворањето на Охридско лето.
Водителката за оваа пригода се одлучи да црвено црн фустан кој одлично истакнува сѐ што треба, а прикрива недостатоци.
Водителката ретко ја гледаме во вакво издание, па токму затоа доби комплименти од публиката која беше воодушевена од оваа промена.
Тања како холивудска дива ги освои сите погледи на црвениот тепих.