Ресторан продава бургери со линија од бел прав што личи на кокаин. Револтираните муштерии: „Ова не е смешно. Имате ли мозок?“
Ресторанот „Pablo’s Escoburgers“ успеа да ги разлути луѓето на социјалните мрежи со своите хамбургери.
На, дел од луѓето на социјалните мрежи им прчеше послужувањето на бургерот Патрон, која при послужувањето има бела линија која личи на кокаин и хартена пара од 100 долари, која секако лажна. „Кокаинот” е лук во прав. Покрај бургерот Патрон, и вегетаријанскиот сендвич се служи со додаток од бела прав спакувана во мала кесичка и лажичак која исто така личи на кокаин.
„Како да им објасниме на децата кои доаѓаат да јадат хамбургер?”, „Ова не е смешно, имате ли мозок”, ова беа дел од коментарите на незадоволните муштерии.
Но, се чини дека ресторанот кој се наоѓа во Мелбурн, Австралија, не е загрижен премноу за коментарите па велат: „Хејтерите секогаш ќе хејтаат, на голем дел од Колумбијци името на ресторанот нема да им се допадне, но дефинитивно сите ќе ги обожаваат нашите бургери!”