Девојката која дефининитивно ќе ви го привлече вниманието на социјалната мрежа Инстаграм и за момент ќе помислите дека се работи за профил на личност од џет- сетот. Македонката Ребека Ле Мон има 28 години и веќе три години живее во еден од најубавите градови во Светот, Сан Франциско или моментално таа го живее својот сон. Заедно со нејзиниот сопруг Марк со кои се 23 години разлика, го имаат синот Макси. За животот во Калифорнија, за мајчинството и за тоа како е да се живее далеку од дома прочитајте во продолжение….
Кога се преселивте во Сан Франциско и каков е животот таму?
Во Сан Франциско се преселив крајот на 2018-та година. Животот тука е навистина убав. Се пронајдов себеси тука. Велат каде што ти е срцето, таму е и твојот вистински дом.
Тешко ли ви беше да се навикнете на средината?
Навистина не. На 12 години се преселив во Германија и веќе знаев како да се интегрирам во нова средина. Тогаш бев многу помала, па се снајдов. Сега ми беше уште полесно.
Што има во Сан Франциско, а нема во ниту еден друг град во Светот?
Според мене синото небо. Толку е сино, што некогаш не ми се верува на очите свои. Заљубена сум во небото, океанот, песочните плажи и сета таа убавина што ја нуди Сан Франциско.
Кои се вашите омилени места во Калифорнија?
Езерото Тахо и Сан Франциско. Лос Анџелес е убав, но ете така за прошетка. Езерото Тахо е каде што го поминавме нашиот baby moon е навистина преубаво место, кое што би го препорачала на секој што планира да ја посети Калифорнија. Едноставно за љубителите на природа, зеленило, сини бои-тоа место е полн погодок.
Каква е моменталната ситуација таму во поглед на пандемијата предизвикана од Корона Вирусот?
Моментално навистина подобра. Луѓето навистина ги почитуваат правилата . Иако може да се седне во ресторан сите ја земаат храната за носење. Во супер маркет не може повеќе од 30 луѓе. Маските се секаде задолжителни. Никој не ти се приближува. Повеќе би рекла дека секој бега од тебе. Онакво бегање како да секој има неизлечлива, пренослива болест.
Ви недостасува Македонија?
Искрено не. Од мала се преселив во Германија и навикната сум да не ми недостига Македонија. Ми недостасува татко ми, кој сеуште живее таму и секако роднините.
Што најмногу ве инспирира?
Луѓе што успеале во животот, луѓе што започнале од ништо и се трудат. Луѓе што работат на себе секој ден. Позитивни луѓе.
Која е вашата утринска рутина, како ви започнува денот?
Мојот ден сега (откако го родив Макси) започнува многу поинаку од пред да бидам мајка. Последно нешто што правам во утрото е кафето. Прво го средувам Макси (го бањам, ги местам креветите, пуштам машини, диплам, стерилизирам шишиња), потоа го чистам домот со правосмукалка, џогер, проветрувам, бришам прашина (секој ден). Откако ќе го направам се ова, му давам млеко на Макси. После неговиот оброк го пијам кафето.
Колку и како ве промени мајчинстовото?
Ме промени навистина многу. Сега сум посилна. Сигурна сум во себе. Се чувствувам како да можам се да направам. Горда сум на себе што имам ваква улога. Горда сум што се снаоѓам комплетно сама. Горда сум што умеам да се грижам за него без помош. Убаво ми е што е тој задоволен, насмеан. Тоа ми е како награда за трудот и силата што ги вложувам секој ден.
Што ве прави горда мајка?
Тоа кога гледам дека Макси е едно среќно бебенце. Ме прави горда кога си јаде се што му припремам. Ме прави горда што многу разбира и ме слуша. Ме прави горда што почна да ме прегрнува. Се гледа дека го прави со намера. Јас од кога се роди го бакнувам и гушкам едно 100 пати на ден и мислам дека сега таа љубов почнува да се враќа.
Како се одлучивте за името на вашето дете?
Уште во Париз 2018-та кога Марк ме побара за жена. Неговиот прекар бил Макс, моето омилено име беше Максимилиан, а Лука, сакавме да се иницијалите МЛЛМ Максимилиан Лука Ле Мон, а воедно сакав да му дадеме и име кое го има во библијата.
Што ве прави среќна и исполнета?
Среќна ме прави кога ќе слушнам дека сите што ги сакам се добри. Среќна ме прави кога ќе видам дека има добри луѓе во светот, среќна ме прави кога некој ќе ми посака убав ден, среќна сум кога се шетам со Макси и денот е убав, ведар, а јас можам да го видам синото небо и океанот. Среќна сум што можам да го ВИДАМ се тоа. Треба да бидеме и за тоа БЛАГОДАРНИ. Среќна сум кога ќе успеам да се дотерам и средам себеси, среќна сум кога ќе остане време за слика на инстаграм.
Како се релаксирате?
Топла купка, музика.
Што најмногу ви недостасува во ова време на пандемија?
Семејството во Германија и Македонија.