Реакцијата на сопругот на веста дека ќе добие уште три бебиња стана хит на Интернет.
Стефани Валас сподели видео од нејзиниот сопруг, кој беше преплавен од емоции, откако му го покажаа ултразвукот од нивните три бебиња.
Мајката на две деца го изненади нејзиниот сопруг на работа објавувајќи му дека носи тројка, и тој не можеше да поверува. Стефани, го синимаше видеото и додека нејзиниот сопруг го гледа бебето го праша дали видел нешто друго.
„А … Б … Ц … Не разбирам, што не е во ред? Нешто не е во ред?” тој ја праша: „Ова е слика на бебето А, ова бебе Б, а ова бебе е C.” „Добро?” ама тој сè уште не сфати.
„Имаме три бебиња? Дали си сериозна?” ја прашал по неколку секунди, држејќи три прста во воздухот. „Ќе ни треба поголема куќа”, заклучи двојката, преку смеа и солзи. Оваа снимка е од минатата година и повторно стана вирална и ја имаа прегелдано над 1,2 милиони луѓе.