Рај за душата и очите: Дворот на водителката Дракче е еден од НАЈУБАВИТЕ во Скопје – погледнете како го уредила
Ова е е дефинитивно еден од поубавите дворови кои сте ги виделе во Скопје
Македонската водителка се пофали на Фејсбук и покажа каде го наоѓа својот мир.
Драгица Стевковска Дракче стана популарна со емисијата „Патот на светлината“, но во текот на нејзината кариера работеше на различни други проекти.
Публиката веднаш ја засака токму поради тоа што е природна и спонтана.
Таа е домаќинка, жена, сопруга, мајка и баба која се соочува со секојдневните проблеми исто како и сите нас.
Долго време не е дел од ТВ етерот, но активна е на Фејсбук, каде секојдневно споделува со своите фанови каде е и што прави.
И покрај тоа што животот ѝ донесе многу тешкотии, сепак успеа да ја задржи насмевката на нејзиното лице.
Со својата ведрина и позитивна енергија веднаш ги освои симпатиите кај публиката.
Дракче успеа да ја победи и најтешката болест и со тоа дополнително стана инспиративна за публиката.
Скоро 4 децении е во брак со фолк-пејачот Орце Стевковски.
Својот спокој го наоѓаат во нивниот дом во селото Ржаничино, Петровец во Скопје.
Таа на својот Фејсбук профил сподели фотографии од својот двор и покажа како го уредила.
Цвеќињата се нејзина пасија, па токму затоа ги има во изобилство. Како голем верник Дракќе на централното место во дворот има поставено и мала црквичка, а насекаде во дворот може да се забележат разни украси кои го прават совршен.
Погледнете:
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска Дракче