Разоткриена љубовната врска на Марија Шерифовиќ: Повеќе не е тајна која е нејзината девојка
Српските медиуми веќе некое време пишуваат дека Марија Шерифовиќ се гледа со една од најубавите жени на српската јавна сцена која е мажена за синот на голем моќник и влијателен бизнисмен.
Љубовниот живот на Марија секогаш бил интригантен, посебно откако јавно призна дека е наклонета кон истиот пол. Но пејачката која на Србија и донесе победа на Евровизија во 2007 година, успешно ја чуваше приватноста, и својата и на партнерките. Се досега зошто медиумите веќе почнаа да пишуваат за нејзината наводна се*суална врска со снаата од една од најбогатите српски семејства.
Инаку, за потсетување, Марија неодамна објави фотографија на Инстаграм како со својата подобра половина се држат за раце и шетаат по улица.
– Почнале тајно да се гледаат веќе неколку дена по запознавањето. Тоа во прво време никому не му било сомнително, зошто Марија секогаш е опкружена и со машки и женски пријатели кои секаде ја следат, а госпоѓата веќе со години е во среќен брак со наследник на моќна династија. Така првите неколку месеци се било опуштено и за нив и за околината. Но, како поминувало времето, станувале поневнимателни – открива извор близок до Марија и додава дека таа дама на концертите на Марија секогаш имала специјално место во ВИП ложата, што на сите им било сомнително.
https://www.instagram.com/p/B_xHk7hnlwY/?utm_source=ig_embed
– Марија и снаата неколку пати се видени во познати белградски ресторани, се држеле за рака, имало тука и нежни допири и бакнежи. Секако, некој ги сликал, па фотографиите со нивните интимни моменти, кога мислеле дека никој не ги гледа, набрзо почнале да се споделуваат. Сега речиси цел Белград ги има тие фотографии во своите телефони, вели изворот.