Разводот потполно ја промени – Анета Љумаковска стана непрепознатлива, сега е друга жена (фото)
И тоа сите го коментираат во позитивна смисла
Пејачката со новото издание покажа дека може да го изнесе секој стил
Омилената македонска фолк-пејачка, Анета Љумаковска, во последно време често ја гледаме во најразлични аутфити – од романтични и елегантни фустани во кои и порано најчесто ја гледавме, па се до секојдневни изданија како фармерки и маички.
Таа дефинитивно е жена која може да носи апсолутно сé, а како што самата во една пригода откри, најважно и е да се чувствува удобно во облеката што ја носи, но и убаво да и стои.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Нова фризура, нова љубов?
Но овие денови Анета покрај својот стил на облекување, привлекува внимание и со своите нови фризури.
Имено, таа покажа дека е дама што сака да експериментира со косата, но и дека знае да ги избере вистинските трендови.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа сега има нова кратка фризура, а многумина и порачаа дека изгледа оваа промена и стои феноменално.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Пејачката со оваа промена како да го потврди она непишано правило дека жените по разводот процветуваат.
Многумина велат дека жените по разводот се разубавуваат, а впрочем тоа го потврди и пејачката со овие свои изданија.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Покрај новата фризура многумина забележуваат и дека сега е во подобра форма, но и дека изгледа минимум десетина години помладо.
Па, без разлика дали разводот е „виновен“ што Анета Љумаковска денес изгледа подобро од кога било досега или пак нешто сосема друго е во прашање, многумина сепак се согласни дека познатата пејачка заслужува само пофалби за својот нов имиџ.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
А тоа дали зад овие промени се крие разводот или онаа општо позната причино-последична поврзаност помеѓу новата фризура и новата љубов, која секогаш по некое непишано правило на претставничките на понежниот пол им се се појавува по излегување од фризерски салон, нека остане и понатаму мистерија.
Една од оние женски мистерии кои науката нема никогаш да ги објасни, а можат да му се случат секому и во секое време.
А што вели Анета за тоа, дознајте тука >>