Тенисерката на најсладок можен начин на обелодени веста
Тенисерката Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер очекуваат второ дете, а убавите вести ги споделија преку социјалните мрежи.
„Нашите срца се полни со радост! Ќе имаме уште еден мал ‘додаток’ во нашето семејство“ – напиша убавата тенисерка на својот профил на Инстаграм.

Парот што во март минатата година го доби синот Лука наскоро ќе добие уште едно бебе. Тенисерката радосните вести дека е во блажена состојба ги соопшти со фотографија на која наместо три сега се гледаат четири пара патики – нејзините и на Бастијан, на малиот Лука, но и на бебенцето.
Само да ве потсетиме како изгледаше минатиот пат:

„Мало продолжување во нашето семејство. Не можам да бидат посреќна“, напиша тогаш Ана со емотикон бебе.
Па честитки и од нас за целото семејство.