Путин се огласи по страшниот масакр во Москва, Русите шокирани од ужасот што им се случува (видео)
Пожарот во концертната сала „Крокус сити хол“ е локализиран, се трага по сторителите
Бројот на жртвите би можел да расте ако се земе во предвид големината на нападот и пожарот што ја зафати салата.
Големиот терористички напад што се случи вчера во концертната сала Крокус во близина на Москва го потресе целиот свет.
Меѓу убиените и повредените има и деца, а како што пренесуваат медиумите бројот на жртвите постојано се зголемува.
Како што објавија руските медиуми, повикувајќи се на информации од Кремљ, се огласил директорот на ФСБ – Федералната служба за безбедност на Руската Федерација, Александар Бортников, кој ја информираше јавноста дека го известил рускиот претседател Владимир Путин за смртоносниот напад на концертот.
@dailymail МаркетингBREAKING: Moscow concert hall shooting: At least three gunmen ‘in camouflage’ open fire on crowd as huge venue is engulfed in flames with 14 deaths reported. #moscow #shooting #breaking #scary #breakingnews
Според неговата изјава, Путин веднаш бил известен и службите редовно му ги доставувале сите информации, така што бил запознаен со сé што се случува и мерките што се преземаат, по што тој ги дал сите потребни упатства, пренесуваат руските агенции.
Путин им посакал брзо закрепнување на повредените во терористичкиот напад во близина на Москва, јави државната агенција ТАСС, повикувајќи се на потпретседателката на владата, Татјана Голикова.
Потсетуваме, повеќе од 60 луѓе се убиени и 145 ранети во петокот кога маскирани луѓе со оружје влегле во концертната сала „Крокус сити хол“ и отвориле оган врз посетителите кои дошле на концерт.
@dailymail Unidentified gunmen have opened fire at the Crocus City Hall near Moscow. People remained inside the building that was almost completely engulfed in flames. #shooting #moscow #breaking #breakingnews #fire
Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава, милитантната група која ги има преземено и нападите врз делови од Ирак и Сирија.
Повеќе за терористичкиот напад во Москва прочитајте тука >>