Најфотографираниот пијалак на социјалните мрежи
Џинот е најтренди пијалак за во топлите летни месеци! Но ако се чудите зошто овој пијалак со бобинки од смрека е толку популарен, одговорот се крие во тоа што токму џинот претставува омилен додаток за разни тоници и со него можете да му дадете потполно ново лице, а и одлично го камуфлира пијалакот па во него слободно можете да уживате и во попладневните летни часови.
https://www.instagram.com/p/BkdmuP8F2D8/?taken-by=empressgin1908
Последниот џин што е хит на социјалните мрежи доаѓа во индиго боја која со додавање во тоник се трансформира во неодоливи светли или потемни виолетови нијанси. Во прашање е пијалакот „ Empress 1908 Gin “ кој својата боја не ја доби благодарение на вештачки бои туку од цветови на синиот грашок, а и покрај тоа што можете лесно да го „фејкате“ со сок од боровинки, самото шише секако освојува како со својата боја, така и со својот концепт и дизајн.
https://www.instagram.com/p/BbfdMeiAquj/?utm_source=ig_embed
За жал кај нас најверојатно тешко може да се најде овој пијалак, но затоа лесно можете да го порачате преку интернет на страни како Амазон и сл.
https://www.instagram.com/p/BirtrmIgRok/?taken-by=empressgin1908
https://www.instagram.com/p/BfbTxD-gWaf/?taken-by=empressgin1908
https://www.instagram.com/p/Bh_wXilA38f/?taken-by=empressgin1908