Една жена во Флорида го застрела своето момче за време на расправија, поради неговото гласно `рчење.
Кога полицијата пристигна во домот на Лори Морин (47) и нејзиното момче, тие рекоа дека пукањето е случајно. Но, истрагата покажа дека пукањето се случило за време на расправија заради неговото рчење, пишува Њујорк тајмс.
Откако караницата ескалирала, таа за полицијата изјави дека неименуваниот маж, со кого наводно околу 3 недели била во врска, отишол во бањата, а Лори ја зела пушката, тргнал по него, нанишанила кон него и пукала.
Човекот бил однесен во болница, каде што закрепнува од повредата. Откако полицијата разговараше со него, Лори ја промени својата приказна. Таа прво рече дека му го дала оружјето и тоа случајно пукнало, но тој признал дека таа го ранила поради кавга за рчењето, а тој, исто така, рекол дека пред тоа играле карти и пиеле. „Слушнал силен звук и видов локва со крв. Во тој момент почуствував силна болка под пазувата “, пишува во судските документи.
Морин е обвинет за обид за убиство и во моментов е во затвор.