Бестемсу Оздемир се прослави со улогата на Нулифер во серијата „Љубов и пари“
Таа за разлика од ликот кој ја прослави во приватниот живот секогаш е насмеана, а со позитивна енергија зрачи и просторот во кој што живее веќе некое време.
Младата турка актерка која многумина ја споредуваат со Пенелопе Круз и Селма Хајек за свој дом избра стан во зграда.
„Кога сфатив дека во крајот каде што живеев порано нема зеленило, одлучив да се преселам подалеку од центарот. Оваа куќа ме воодушеви на прв поглед. Изгледа рустично и со своите дрвени ребрести капаци ме освои потполно. А ми се допаѓа и големата тераса од 25 метри квадратни на која поминувам најмногу време кога сум дома. Таа ми е како замена за двор, бидејќи тука живеат моите три кучиња што ги усвоив од азил“ вели убавата актерка.
Во прашање е просторен и светол стан од 115 метри квадратни, салон, со отворена кујна и купатило, и од секоја соба се излегува на пространата тераса.
Денес просторот го красат слики со живи бои во масло, кои се сите дело на актерката и преставуваат одраз на нејзиното уметничка душа и вкусот што го има направено. Таа од мала е склона кон уметноста, а нејзината мајка ја охрабрувала да го развива талентот, па и сега се занимава со мода, сликање, актерство… Во младоста професионално се занимавала со одбојка, што и помогнало да има совршено тело и денес да изгледа како манекенка.
„Сакам во домот да имам гломазен, рустичен мебел“, објасни актерката која славата стекната во „Љубов и пари“ ја оверува деновиве со улогата на адвокатка во серијата „Мерјем“. Таа откри и дека сака да готви, што не може да се заклучи никако по нејзиниот аскетски изглед.
„Позната сум по своите лазањи, а во основа на мојата кујна е зеленчукот. Лебот, тестенините и оризот веќе четири години не консумира. Но затоа уживам во рани салати и храна со маслиново масло“ вели таа.