Прочитајте како да НЕ се избрукате кога одите на слава – еве на што треба да внимавате
Гостите традиционално на слава носат кафе, шеќер во коцки и алкохол. Ова секако може да се прилагоди на денешното време, но треба да се внимава да не се претера – на слава не се носат скапи подароци!
И ако домаќинот ви кажал во кое време да дојдете, обидете се да бидете точни. Доколку не сте во можност да дојдете на време, задолжително јавете му се на домаќинот и кажете му да НЕ ве чека бидејќи негова должност е да ги послужи останатите гости и да го скрши славскиот колач.
Кога ќе дојдете честитајте ја славата со Среќна слава и тоа прво а домаќинот, па на домаќинката, па на децата.
Треба да бидете весели, да се држите до позитивни теми и да не претерувате со алкохолот. Не е во ред и гостинот да пие само вода цела вечер, бидејќи така може да го навреди домаќинот. Не започнувајте ни тешки теми за теории на завери, дневна политика за ВМРО или СДСМ или црна хроника.
Кога ќе дојде време да си заминете, поздравете се со сите и заблагодарете им се на домаќините. На вратата можете да позборувате со нив, но не заборавајте дека останатите гости ги чекаат внатре.