Реклама
Новости

„Прости ни девојче, сите сме виновни“: Калиопи испрати потресна порака по убиството на малата Вања

Реклама

По повод трагичниот случај на убиената четиринаесет годишна Вања Горчевски се огласија бројни јавни личности, а едно од нив е и нашата поп дива Калиопи.

Пејачката прво сподели фотографија со симбол кој пренесува тага, а потоа на друга фотографија напиша:

– Тага, горчина и срам, затоа што сите сме виновни… Затоа што сме неми набљудувачи на ова грдо време кое дозволивме да стане агонија за нашите деца… Прости ни девојче… Извини Вања.. Сочувство до семејството… Се друго е молк…

Маркетинг

По седумдневна потрага по убиеното девојче, Обвинителството во неделата на 3 декември соопшти дека е пронајдено безживотното тело на девојката, како и на 74-годишниот велешанец Панчо Жежовски, чие исчезнување било пријавено на 22 ноември. И двајцата беа убиени.

Маркетинг

Покрај Калиопи се огласија Тијана Дапчевиќ, Вук Моб, Игор Јуриќ, Војаж, Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Каролина Гочева и многу други.

Случајот со киднапирањето на Вања Ѓорчевска која исчезна во понеделникот на патот кон училиштето и чие безживотно тело вчера беше пронајдено во атарот на селото Бразда во близина на Скопје го потресе целиот регион.

Во полициската станица е сослушан и нејзиниот татко, А. Ѓ. откако приведените лица кои го признале делото откриле дека токму тој преку првоосомничениот им ги давал податоците за неговата ќерка.

Како што открија министерот Оливер Спасовски и Јавниот обвинител Гаврил Бубевски на денешната прес-конференција, таткото цело време негирал вмешаност во случајот и се уште е во полиција.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button