Реклама
Наши ѕвезди

Прослава во куќата на Дарко и Маја Панчеви – ОВА Е ПОМЛАДАТА ЌЕРКА, мама горда на нејзиниот усшех!

И покрај големото богатство и популарноста на родителите, и Марија и Надица се скромни и сосема нормални девојки

Реклама

Ќерките на Дарко и Маја Панчеви се вистински убавици

Пејачката Маја Гроздановска-Панчева не објавува често фотографии од своите ќерки, но овој пат мораше да се пофали.

Посебно што во прашање е школувањето и еден ваков момент мама едноставно не можеше, а да него сподели со пријателите и фановите.

Маркетинг

Имено, Маја на својот Фејсбук профил објави фотографија со која на нејзината помала ќерка Марија и ја честиташе матурата.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Маја Гроздановска-Панчева

„Среќна матура мајкина, да си ни жива и здрава“, напиша сопругата на Панчев, а под фотографијата доби голем број честитки, но и комплименти во кои сите и порачаа дека нејзината ќерка е вистинска убавица

Фотографија од својата сестра објави и Надица, постарата наследничка на Маја и легендарниот фудбалер Дарко Панчев.

Фото: Инстаграм/ Надица Панчева
Фото: Фејсбук/ Маја Гроздановска-Панчева

„Среќна матура, среќо дадина“, напиша таа.

Фото: Инстаграм/ Надица Панчева

Посебен ден, но и месец за цело семејство

Потсетуваме, Дарко и Маја важат за еден од нашите најскладни парови меѓу познатите во чиј дом владее спокој и хармонија.

Фото: Фејсбук/ Маја Гроздановска-Панчева

Круна на нивната голема љубов се нивните две ќерки, Надица и Марија, кои пораснаа во прекрасни девојки.

Фото: Фејсбук/ Маја Гроздановска-Панчева

Тие и двете ги изненадуваат сите со својата скромност и нормалност и покрај тоа што се ќерки на две големи ѕвезди.

И како што и самите повеќе пати имаат истакнато, и на двајцата им е најважно децата да растат во здраво и нормално окружување.

Фото: Фејсбук/ Маја Гроздановска-Панчева

Панчев беше еден од најуспешните фудбалери во поранешна Југославија, но кога реши фудбалската кариера да ја замени со мирен семеен живот, се ожени со популарната пејачка и остана да живее во Скопје.

Тие можеа да заминат на било кое место во светот, но очигледно одлучиле да го изградат своето „гнездо“ во родниот град.

Фото: Фејсбук/ Маја Гроздановска-Панчева

И сега опкружени со најблиските уживаат во овие среќни мигови, а за некој ден ќе имаат уште една причина за славење.

Имено, а неколку дена Маја ќе го слави својот 51 роденден, а интересно е и тоа што и двајцата се уште изгледаат одлично.

Фото: Фејсбук/ Маја Гроздановска-Панчева

Да, Маја се уште блеска и е една од оние жени за кои велат дека се како виното, а очигледно таков е и нејзиниот сопруг.

Па, од тука и воопшто не треба да не чуди што и нивните наследнички се вакви природни убавици, нели?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button