Пронајден лек против корона вирусот? Индијците подготвуваат масовно производство – се користел и порано за слични болести
А еве и како делува …
Познатата индиска компанија што произведува хемиски состојки „Ласа сеперџенерикс“ соопшти дека почнале соработка со Институтот за хемиска технологија од Мумбај за да започнат да работат на фавипиравир, експериментален лек против новиот коронавирус.
Со сите заеднички силни напорно работиме на истражување на антивирусниот лек фавипиравир кој има голем потенцијал во борба со широк спектар на вируси. Ќе ги преземеме сите потребни чекори за да добиеме дозвола од Агенцијата за контрола на лекови, како би се нашол на индискиот пазар што поскоро“, изјави докторот Омкар Херлекар, претседател на извршниот одбор на компанијата Ласа сеперџенерикс.
Во прашање е лек од широкиот спектар кој прво го разви јапонската компанија „Тојама хемикал“ против РНА вируси, како што е грипот, жолтата треска, ебола, норовируси и ентеровируси. Во Индија овој лек не е заштитен со ниту еден патент
На 20 февруари компанијата од „Пекинг Сихуан фармасутикал холдингс“ започна тестирање на лек врз пациенти заразени од коронавирус.
Слично се прави во Јапонија и Јужна Кореја
Докторот Херлекар вели дека чекаат податоци од клиниките испитувања во Кина, а штом ќе ги добијат, за околу 2 недели, „Ласа“ ќе почне со студии за биолошка расположливост и биоеквивалентност пред да побара дозвола лекот да се најде на пазарот.
Како што пренесуваат странските медиуми, Кина сака фавипиравир да го внесе во својата официјална листа со лекови против Ковид-19 бидејќи ги поминал клиничките испитувања со одлични резултати и без значајни нуспојави. Како што покажале истражувањата пациентите лекувани со фавипиравир побрзо закрепнувале, посебно нивните гради.
Третата државна болница во Шенжен спровела истражување на 80 пациенти, а 35 го примале лекот. Резултатите покажале дека оние што го примале лекот за 4 дена биле негативни на коронавирус, додека на останатите им требало 11 дена.
Chinese researchers have completed clinical studies of #favipiravir, which shows promising clinical efficacy in treating novel #coronavirus pneumonia. #Covid_19
— China Daily (@ChinaDaily) March 17, 2020
Пациентите што примиле фавипиравир градите им се поправиле за 91.43 отсто, за разлика на 62 отсто од оние кои не биле дел од групата.
Слични резултати покажа и истражувањето на преку 120 пациенти во болницата на Жонгнан Универзитетот во Вухан.
Одредени фармацевтски компании веќе добија дозвола за масовно производство на овој лек во февруари, а бројни истражувачи препорачуваат дека лекот треба да биде дел од терапијата што поскоро.
Истражувања и во Италија
Инаку, и во Италија почнува тестирање на лекот Тоцилизумаба за болните од вирусот корона.
Италијанската агенција за лекови „AIFA“ издаде зелено светло за тестирање на овој лек кој веќе е испробан на некои пациенти.
Ќе го тестираме веднаш на 250 пациенти во Италија, најави Винсенто Монтесархио, специјалист за заразни болести во болницата Контињо во Неапол. Повеќе од 20 пациенти денес се лечат во целата Лигурија со помош на Тоцилизумаба, експериментален лек кој се користи според протоколот што го подготви болницата, поликлиниката Сан Мартин, за лечење на пациентите со пнеумонија КОВИД-19, а напредуваше од регионот Ломбардија.