Пронашол торба со 30.000 евра и ролекс и веднаш им ја вратил на сопствениците – се шоkираше од наградата која му ја оставија
Туристи од Унгарија се испаничиле кога забележале дека изгубиле торба со пари и предмети во вредност од 80.000 евра, но ситуацијата ја спасиле чесни жители на Лошињ кои веднаш излегле да помогнат и на крајот ја пронашле торбата.
Во понеделникот туристи од Унгарија во Мал Лошињ изнајмиле чамец, па при враќање, во момент кога полнеле гориво на бензинска пумпа, забележале дека ја загубиле торбата со пари и предмети во вредност од 80.000 евра.
Веднаш ја известиле полицијата и сопственикот на глисерот, претприемач од Мал Лошиљ, Лудвиг Цури, кој брзо потоа со синот Кристијан, внуката Марина и нивниот пријател Андрија Главан со другите глесери се упатиле во потрага по загубените работи пребарувајќи го заливот Аугуст на Мал Лошињ.
Парите и вредните предмети се наоѓале во торба, а неа на површината на морете ја пронашол токму сопственикот на чамецот Лудвиг Цури.
Цури откри дека во торбата имало готовина во вредност од 30.000 евра, и часовник марка ролекс во вредност од неколку десетици илјади евра.
Изгубените работи им се вратени на сопствениците кои пак дадоа награда од 6.000 евра за оние кои го пронајдоа нивното мало богатство.