Реклама
Култура[тор]

Промоција на „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура“

Реклама

Интересен настан што сакаме да го посетиме

Монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“ од Ерина Богоева ќе биде промовирана утре, на 13 ноември 2018, во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Книгата во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 80-ина фотографии.

Маркетинг

Во фокусот на Богоева се 30 објекти од јавен и резиденцијален карактер, меѓу кои: Управата за хидрометеоролошки работи, Телекомуникацискиот центар, Градски ѕид (блоковите и кулите), студентскиот дом „Гоце Делчев“, Домот на Армијата, Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, Католичката црква „Пресвето срце Исусово“ и други. „Документирањето на Скопје за мене е од уметнички аспект. Тоа е документирање на моментите кои минуваат и нема повторно да се вратат, а сепак се моменти исполнети со некој (различен) вид на убавина“, вели Богоева за проектот.

Маркетинг

Проектот е поддржан од Град Скопје, како дел од конкурсот за проекти од областа на културата кои би го застапувале или збогатиле културниот живот на градот.

Фотографиите се снимани во временски период од 10 месеци, во различни временски услови.

Монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“ ќе биде промовирана во книжарницата „Литература.мк“ на 13 ноември 2018 (вторник) во 19 часот.

Промотор на монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“ ќе биде архитектот и фотограф Александар Наумчевски. Со овој настан во книжарницата „Литература.мк“ ќе бидат одбележани и 74 години од ослободувањето на Скопје.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button