Пријовиќ никогаш не изгледала подобро – ова е тајната со која „преку ноќ“ ослабна 20 килограми
Познатата пејачка Александра Пријовиќ во последно време привлекува внимание со својот изглед во кој како што самата вели вложува доста пари за да изгледа убаво.
Таа успеа својата линија повторно да ја донесе до совршенство и тоа само неколку месеци откако се породи. Според нејзините обожаватели новопечената мама сега изгледа дури и многу подобро отколку кога било порано, а тоа можеме да го видиме и од коментарите што ги добива под секоја нејзина нова фотографија што ќе ја објави на социјалните мрежи.
„Секако дека ми е важно како изгледам и секогаш се обидувам да изгледам што подобро. Вложувам во својот изглед и повеќе отколку што можете да замислите, но не сум тип кој се фали и зборува за тоа. како и сите, така и јас сакам да се облечам убаво и баш затоа вложувам во гардероба“, открива пејачката за Блиц.рс и додава дека најмногу пари троши на модни додатоци како што се чевли и чанти од познати брендови.
Покрај својот убав изглед, Пријовиќ ги воодушеви верните обожаватели и со своите последни настапи.
И за разлика од многу други мајки кои имаат проблем со вишокот килограми по породувањето, пејачката за многу брзо време откако го роди синот Александар го врати своето тело во беспрекорна форма. Во разговор со порталот „Информер“„ пејачката ја откри тајната како успеала во тоа.
„Ослабнав 20 килограми, се вратив на тежината што ја имав пред бременоста. Сега можеби сум и послаба отколку пред тоа“, изјави пејачката и додаде дека се храни здраво откако го родила бебето. И тоа не го прави само заради килограмите, туку и заради малиот Александар, односно бидејќи го дои своето бебе, и дека се придржува до планот за исхрана што го добила од нутриционистите.
„Потполно ги исфрлив од менито благите работи, мрсната храна, газираните сокови и тестото. Јадам салата, риба, зеленчук, пијам цедени сокови и секојдневно внесувам многу течности. На тој начин се губеа килограмите и сега изгледам баш како што сакав“, објаснува таа.
„Што се однесува до физичките активности, ми беше забрането да вежбам бидејќи се породив со царски рез. Немам специјален совет за идните мами. Најдобро е секоја жена да го прави она што мисли дека треба да го прави за да биде задоволна со себе и со својот изглед. Не е се’ во килограмите“ заклучува познатата пејачка во своето интервју, а пренесе српското издание на „Хелоу Магазин“.