Пријовиќ е бомба! Изгледа неверојатно што и да облече – обожавателите воодушевени!
Александра Пријовиќ се појави на сцената и ги воодушеви сите.
Убавата пејачка ги изведе своите најпознати песни, а многумина се воодушевени од нејзиниот изглед. Имено, Пријовиќ се породи пред само четири месеци, а според нејзините обожаватели, изгледа подобро од кога било досега. За оваа пригода пејачката избра интересно фустанче составено од здолниште со животински дезен и со горен дел кој создава визуелен ефект како да носи само градник во впечатлива зелена боја, додека целото издание го зачини со големи обетки, коса врзана во коњско опавче и шик сандали.
Инаку, новопечената мама деновиве со својот сопруг беше на одмор во Монте Карло од каде објави неколку фотографии на кои позираше во костими за капење и со кои повторно заради својот изглед, подигна голема прашина.