Пријовиќ го запали социјалните мрежи со ова провокативно издание – новопечената мама изгледа и дамски и заводливо во исто време
Пријовиќ ги воодушеви сите љубителки на модата
Пејачката Александра Пријовиќ се породи во март 2019, и за многу кратко време успеа да се врати во топ форма. Таа очигледно одлично ги менаџира деловните обврски и оние околу мајчинството, а дека ќе биде активна како мама можевме да заклучиме и за време на бременоста.
Имено, симпатичната пејачка и со трудничко стомаче како гостинка пееше на концертот на својот кум Аца Пејовиќ и ги воодушеви сите, а деновиве го издаде и својот нов спот во кој во преден план е и нејзиното тело кое повторно го донесе во совршена форма.
Но она што го забележаа сите е и тоа дека новопечената мама го промени и стилот, и сега изгледа малку попровокативно, а и нејзината шминка е посилна од она што публиката е навикната да ја гледа. Овој пат таа позира во необичен црн фустан со шлиц на рамото и бутот, а пејачката во него изгледа мошне самоуверено и провокативно.
Пријовиќ ги откри своите затегнати нозе, додека во горниот дел е закопчана до грло, освен малиот прорез на рамото. Фустанот е со долги ракави, а целиот впечаток е и поприлично провокативен.