Бујно деколте и мрежести чорапи
Новопечената мама покажа завидна фигура на екранизацијата на нејзината најнова песна „Неповторливо“.
Популарната пејачка Александра Жијовиновиќ, некогаш Пријовиќ, им се врати на своите деловни обврски три месеци откако стана мама.
Александра ги воодушеви сите кога се појави на снимањето на спотот за песната „Неповторливо“.
Таа покажа завидна фигура, а во преден план беа нејзините долги нозе и раскошни облини. Но обожавателите се воодушевени од тоа што пејачката нема ни грам вишок и изгледаше топ облечена во впечатлив горен дел и чорапи со циркони, што е во мода оваа сезона
Со неа на снимањето беше и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ за кој деновиве српските медиуми ги објавија гласините дека, наводно, ја изневерувал својата сопруга со манекенка која забременила од него.
https://www.instagram.com/p/Bxf2Bt9BLR1/
Пејачката наводно поради тоа му била лута, но решила да му даде втора шанса заради нивниот син Александар.
Овие информации засега никој од нив двајцата не ги потврди, но и не ги демантираше