Пејачката во провокативно црно издание
Пејачката Александра Пријовиќ беше една од гостинките на свадбата на ќерката на легендарниот српски фудбалер Драган Џајиќ, Драгана, која вчера се омажи за братот на тенисерката Ана Ивановиќ, Милош.
Пријовиќ на гламурозната венчавка се појави заедно со сопругот Филип Живојиновиќ, а во центарот на вниманието беше нејзината прекрасна тоалета.
Пејачката за оваа пригода избра провокативен црн фустан со длабоко деколте и шлиц, а целото издание го зачини со преубави сандали во металик нијанса.
На свадбата во преубав фустан се појави и сестрата на младоженецот, тенисерката Ана Ивановиќ која деновиве на социјалните мрежи објави дека е бремена.
Невестата носеше фустан од Вера Ванг…
По раскошната венчаница новопечената госпоѓа Ивановиќ се пресоблече во уште еден преубав фустан кој го носеше без градник, а кој и паѓаше на едно раме…