Пријателите во неволја се познаваат – Кинезите ќе ни дадат 200 нови респираторни машини
Министерот Филипче истакна дека амбасадорот на Кина се понудил да помогне со 200 респираторни машини.
Ова на денешната прес-конференција го информираше Министерот за здравство Венко Филипче. Тој изјави дека покрај тоа што кинескиот амбасадор понудил 200 машини, понудил и помош од нивните експерти со разменување искуства со нашите епидемиолози.
Тој напомена дека моменталната бројка на респиратори во Македонија е околу 110. Од нив 85 се од Скопје. Во приватните може да сметаме на близу 80. Оваа недела сега завршува постапката стигнуваат уште 50, има шанса да обезбедиме уште 50 од недела до 10 дена. Во соработка со амбасадорот на Кина, тој ја понуди нивната помош како од нивните експерти со разменување искуства со нашите епидемиолози, може да добиеме уште 200 машини од Кина. Не станува збор само за машини, мораме да ги спремиме и луѓето, бидејќи не секој знае да ракува со нив, рече министерот.
Македонија и вирусот корона
Првата пациентка со корона вирус денеска заминува на домашно лекување. Таа беше по втор пат тестирана по дијагностицирањето на вирусот, нејзините тестови се негативни на коронавирирусот и таа добро се чувствува, изјави министерот за здравство.
Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина. Петте пациенти кои се лекуваат во дебарската болница се во добра здравствена состојба.
Во текот на ноќта нема нови лица тестирани на корона вирус, а во моментов се чекаат брисеви за тестирање на три лица од Дебар.
Ситуацијата е под контрола. Во споредба со Европа се чини како мала бројка, иако не треба да се залажуваме. Веројатно ќе има пораст на бројот на заболени. Министерот Венко Филипче во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ истакна дека се подготвени на секое можно сценарио.
-Очекуваме секое можно сценарио. Во Дебар и околината тоа е можно. Имаме вирус кај кој нема правила, се уште има непознати. Излезе дека се пренесува не само преку воздухот, туку и со валкани раце, повеќе денови останува на површините, дури и на асфалтот. Во Италија пронашле и на обувките, контролните брисови тоа го покажале.
Се смета дека е безбедна дистанца метар ипол до два. Затоа се и поставените препораки, вели Филипче.
Министерот истакна дека во целиот изминат период ги следи препораките, особено поради фактот што спаѓа во високо ризична група со цел да не биде дел од ланецот преносители на коронавирусот. Во однос на пациентите во Македонија, статистиката вели дека од 18 пациенти, 10 се луѓе од 55 годишна возраст.
-Младите се пренесувачи. Најкритична група се повозрасните, особено оние со хронични болести, смртноста е најголема кај нив. Тоа го покажаа Кина и Италија. Но, никој не е поштеден, сега имаме момче и од 15 години. Во таа смисла ги обезбедивме капацитетите, посебно за деца и возрасни. Околу 30 отсто од вкупниот број на заболени што се на поголема возраст се на машина за дишење, но добар дел од ширењето е од младите луѓе, изјави Филипче.