Пријанка досега ја криеше својата најубава венчаница
Познатата актерка и поранешна Мис на светот Пријанка Чопра се омажи за 10 години помладиот пејач Ник Џонас на 1 декември оваа година.
Двојката имаше две свадби и неколку свадбени приеми, а невестата смени неколку венчаници и секој пат нѐ импресионираше со убавите креации.
Но, најубавиот го криеше се’ до сега.
https://www.instagram.com/p/Br1ayfig6mJ/
Новите фотографии ги објави нејзината стилистка Мими Кутрел, а Пријанка убавата црвена венчаница со прерамки и долен слој од тул го носеше на еден од приемите. Во прашање е креација од модната куќа Диор, а ако сакате да ги видите и останатите детали од венчавката кликнете тука.
https://www.instagram.com/p/Bry67ROABxt/
Пријанка ја носеше со скапоцен накит од „Chopard“ со скапоцен камен од 16 карти и прекрасeн ѓердан и нараквици.