Реклама
Наши ѕвезди

Прија и Филип поради коронавирусoот го одложија роденденот на синот, Брена на кршевката се појави со чудна фризура

Реклама

Денеска се одржа крштевката на Александар Живојиновиќ, синот на српската пејачка Александра Пријовиќ кој го има од бракот со Филип Живојновиќ.

На овој важен момент беа поканети само најблиските од семејството и кумовите, а на крштевката задоцни Лепа Брена, која со таксито едвај се проби низ белградската гужва па и фризурата ѝ се растури.

Маркетинг

Брена не дојде заедно со посинокот и снаата, туку со сопругот и веднаш потрча кон црквата, каде Александар веќе го крстеа.

Да потсетиме, Александра Пријовиќ и нејзиот сопруг ги послушаа апелите што секојдневно ги упатуваат здравствените организации, сите собири, патувања и настани со голем број луѓе да се одложат, па така и тие ја одложија веселбата после крштевката, на која требаше да присуствуваат околу 200 гости.

Маркетинг

„Драги пријатели, имајќи ја во предвид загриженоста која владее и ризикот од ширењето на вирусоoт на поголеми собири, нашето семејство одлучи од превентивни причини, поради безбедноста на сите, да го одложиме роденденот на Александар. За новиот термин дополнително ќе ве известиме. Многу ни е жал што се случи ова. Ви благодарам на разбирањето. Семејство Живојновиќ“ – гласеше пораката кое семејството Живојновиќ им ја испратија на своите пријатели.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button