Природна убавина – погледнете со каква убавица се прошета Миле Паника
Познатиот македонски комичар ја покажа својата сопруга која е вистинска убавица.
Скоро никогаш не се појавува во јавност, но сопругата на Миле Паника му е негова најголема поддршка.
Актерот Бранко Огњановски публиката го засака по ликот на Миле Паника во популарната емисија К – 15.
ФОТО: Инстаграм / Бранко Огњановски
Генерацијата од 90-тите, па и 2000-те израсна со ликовите на Тошо Малерот, Цацко Конопишки и Миле Паника.
Во оваа емисија на хумористичен начин беа прикажани политичката и економската состојба на земјава, нелогичностите во македонското општество, етничката трпеливост, стереотипите, табу-темите и животната средина.
ФОТО: Принтскрин
На огромна жалост на гледачите, К – 15 престана да се емитува во 2013 година.
Единствен од целата екипа кој продолжи да работи на други телевизиски проекти е Миле Паника, односно Бранко Огњановски.
Бранко денес е и активен на социјалните медиуми.
ФОТО: Инстаграм / Бранко Огњановски
Со некои видеа на Инстаграм умее и тоа како да ја засмее публиката.
Долги години плови во брачните води со сопругата Анита, која не сака премногу да се експонира во јавност.
Анита по професија е уметник и нивниот дом изобилува со нејзините уметнички дела.
ФОТО: Инстаграм / Бранко Огњановски
За Велигденските празници Анита и Бранко одлучија да прошетаат во природа.
Бранко сподели видео од нивното уживање, а во опис напиша „природна лепота“.