Реклама
Новости

Припорчани живеат во страв – Во едно сокаче ОГРАБЕНИ три куќи за две недели!

Граѓаните се жалат на се почестите кражби во домовите и помошните простори, а цел на крадците најчесто е златен накит.Последната кражба се случила во петокот.

Реклама

Крадците демнат во скопската населба Припор. Во една мала слепa уличка, за само две недели во полицијата биле пријавени дури три кражби.

Жителите на Припор велат дека стравуваат и за кратко да ги напуштат своите домови затоа што арамиите не се плашат од ништо, не ги спречуваат ни камерите кои луѓето ги поставиле на куќите за да ги заштитат своите домови и на кои се снимени неколку обиди за кражби.

Граѓаните се жалат на се почестите кражби во домовите и помошните простори, а цел на крадците најчесто е златен накит. Последната кражба се случила во петокот.

Маркетинг

Оштетената во изјава за „Слободен печат“ вели дека поради кражбите, повеќе не се чувствува сигурна во својот дом, и вели дека полицијата е незаинтересирана во пронаоѓање на крадците.

„Овде живеам 27 години и никогаш не ми се случило нешто вакво, ни на сон. Бев до продавница, и кога се вратив, влезната врата беше отворена, алиштата расфрлени на подот, растурени предмети, и сфатив дека некој влегол. Се исплашив.

Маркетинг

Во паниката забележав дека е одземен накитот, и резервните паричници и чанти, за кој крадецот мислел дека има пари. Пријавив во полиција, а во меѓувреме од соседите разбрав дека пред неколку дена во две куќи на истата улица имало кражби.

фото пекселс

Што би се случило доколку бев дома за време на обидот за кражба, или пак се вратам порано од продавница? Не се чувствувам повеќе сигурна во својот дом“, изјави оштетената.

Полицијата тврди дека овој крадец е внимателен во тоа што го работи, бидејќи зад себе не оставил ДНК трага.

По кражбата, до МВР е доставена видео снимка во кој се гледа крадецот во моментот на влегување во куќата на оштетената В.О.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button