Реклама
Наши ѕвезди

Принцот Хари не е татко на малиот Арчи? Меган Маркл во солзи, а кралскиот двор се уште во шок заради ваквата ДНК анализа!

Реклама

Принцот Хари и Меган Маркл се родители на малиот Арчи, кој неодамна го прослави својот прв роденден.

Но шпекулациите дека принцот всушност не е неговиот татко не престануваат, а деновиве тие повторно испловија на виделина преку странските медиуми.

Маркетинг

Токму тоа го тврдеше магазинот „Глобус“, повикувајќи се на неименуван извор кој, само неколку месеци пред пристигнувањето на Арчи на овој свет, откри за споменатиот медиуми дека малиот воопшто не е син на принцот. Наводно, како дел од стандардната процедура што се случува на кралскиот двор каде што пред раѓањето на новиот член се одредува татковство на детето, резултатите од ДНК-тестот покажале дека Хари не е татко на идното дете.

„Хари тогаш беше во шок, а Меган плачеше. Тој не можеше да верува во резултатите“ – ја започна тогаш изворот својата приказна, пишува српскиот Glossy,

Маркетинг

И тоа беше голем шок за целото семејство, а Хари сепак повеќе и веруваше на својата сакана отколку на науката.

Тој инсистираше да се направи нов тест, кој потоа покажа дека тој сепак е татко на тогаш сè уште неродениот Арчи.

Меган не е како Кејт?

Инаку, откако принцот Хари и Меган Маркл објавија дека се повлекуваат од кралското семејство и дека работат на тоа да бидат „финансиски независни“, очите на Британците, па и на целиот свет беа насочени кон нив. Почнаа да се појавуваат и разни теории за причините за ваквата нивна одлука, па така најпрво едни ја обвинија Меган дека го растура кралското семејство, како и тоа дека одлуката ја донеле на своја рака, за да на крај произлезе дека Хари се консултирал со семејството пред да го направат овој чекор.

Но медиумите ако го насочија своето внимание и го почувствуваа пулсот на етничките заедници, немаше да бидат толку изненадени од ваквиот „Мегзит“, вели Афуа Хирч, авторката на книгата „Brit(ish): On Race, Identity and Belonging”, во својот текст објавен во Њујорк Тајмс, под насловот „Црните Британци знаат зошто Меган си заминува“.

„Со новиот премиер кој искажува расистички рафали поефикасно и од Доналд Трамп, со Брегзит кој му дава сила на национализмот и желбата да се протеруваат емигрантите и со се’ посилното будење на носталгијата за класичното кралско семејство, повеќето Британци сакаат да се исели од тука“, вели Афуа. Таа потсетува и на тоа дека првиот наслов за Меган во британските медиуми ги содржеше зборовите како ‘егзотичен ДНК’, и дека скриениот расизам секогаш бил присутен во известувањата за неа.

И при првото воведување на Меган во кралското семејство се случи испад, кога принцезата Мајк од Кенд носеше расистички брош. Таа подоцна и’ се извини на Меган и на јавноста заради навредливиот моден детаљ. Потоа, да не го заборавиме случајот на водителот Даниел Нејкер кој го спореди бебето на Меган и Хари со шимпанза и кој беше отпуштен од БиБиСи.

Кога Кејт Мидлтон беше гостинка кај уредникот на „Хафингтон пост“, јавноста сјајно реагираше. Исто се случи и кога Хари го уредуваше програмот на БиБиСи, како и кога принцот Чарлс два пати беше гостин – уредник на магазинот „Country Life“.
Но кога Меган беше гостинка во британскиот Вог, јавноста се дигна на нозе и ја бомбардираше со отровни коментари.

Така што нема да се изненадиме дека и овие вести во врска со тоа дека Хари не е вистинскиот татко всушност доаѓаат од истите медиуми кои навиваат за Кејт, а Меган ја игнорираат.

До кога ќе трае тоа, останува да видиме …

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button