Принцот Вилијам продава веге-хамбургери: Погледнете како реагираат купувачите кога ќе го видат како ги послужува (ВИДЕО)
Тој ги изненади фановите...
Дека е дел од народот и дека секогаш е расположен за дружба со своите фанови кога тоа му го доделуваат обврските покажува последното видео од принцот Вилијам направено пред неколку недели.
фото принтскрин/Јутјуб
Имено принцот Вилијам ги изненади кралските фанови додека делеше веге хамбургери.
фото принтскрин/Јутјуб
фото принтскрин/Јутјуб
фото принтскрин/Јутјуб
Плескавиците се направени со состојки доделени The Earthshot Prize, иницијатива започната од принцот Вилијам во 2020 година, која „трага по извонредни решенија за најголемите светски еколошки предизвици“.
фото принтскрин/Јутјуб
На видеото може да се види како идниот крал прави и дели хамбургери со зачинето „месо“ на база на компир, ароматизирано со лук, ѓумбир и чили заедно со кисел зеленчук послужени во лепиња и тоа од камион со храна паркиран во Лондон.
фото принтскрин/Јутјуб
Во една сцена можеме да видиме колку купувачите се изненадени кога же го здогледаат принцот како лично ги послужува со хамбургер.
фото принтскрин/Јутјуб
Облечен во светло сина кошула ппринцот Вилијам,се свртува од скарата на камионот за да ги послужи со хамбургер некои од изненадените обожаватели, велејќи им: „Наскоро доаѓа!“
фото принтскрин/Јутјуб
Четворицата клиенти се погледнаа со подотворени усти кога го видоа идниот крал на Англија пред нив.
фото принтскрин/Јутјуб
„Бев шокиран“, признал пред камерата еден од муштериите и додал дека „се смрзнал“, додека друг се запрашал дали „сонува“.
фото принтскрин/Јутјуб
Принцот продолжи да им кажува на секој од клиентите за наградата Earthshot и детално објасни како точно се правеле хамбургерите тој ден.
фото принтскрин/Јутјуб
За да ја создадат кујната од растително потекло, готвачите на Sorted Food користеле и Mukuru Clean Stoves, кои биле дизајнирани во Кенија за да помогнат во намалувањето на загадувањето на воздухот, а состојките на плескавицата ги одгледувал Кејти.