Принцот Вилијам е строг татко
Малата Шарлот од својата баба кралицата Елизабета Втора ја наследи љубовта кон коњите. Но како што тврди извор близок до кралското семејство, а пренесе магазинот „Closer“, четиригодишната ќеркичка на принцот Вилијам и неговата сопруга, војвотката Кејт Мидлтон, дури е и опседната со овие величествени животни, па за Божиќ сакала да добие пони од своите родители.
Но како што пренесува овој магазин, принцот не сакал да и ја исполни оваа желба на својата ќеркичка Шарлот.
Имено, принцот Вилијам сметал дека Шарлот се уште е мала за таков подарок и дека ќе мора да почека барем уште година дена. Од друга страна, нејзиниот шестгодишен брат принцот Џорџ, обожава спорт, посебно тенис, па за Божиќ доби тениски рекет, но и сет за играње пинг-понг.
Инаку, минатата година Кејт за медиумите откри дека Џорџ и Шарлот ги прекршиле кралските правила за Божиќ.
Имено, тие станале многу рано и ги отвориле даровите, и покрај тоа што според традицијата, подароците се отвораат за Бадник. „Тоа е дел од семејната традиција која влече корени од германските обичаи“, изјави тогаш нивната мајка Кејт Мидлтон.