Принцезата Шарлот тргна во прво одделение – среќна и возбудена се држеше со двете рачиња за својата мама (фото)
Среќни денови во британското кралско семејство
Принцезата Шарлот, ќерката на војвотката Кејт Мидлтон и принцот Вилијам тргна во прво одделение во основното училиште Свети Томас кое е сместено во јужниот дел на Лондон. Гордите родители првиот школски ден својата ќеркичка ја донесоа до училиштето држејќи ја за рацете, како и нејзиното братче Џорџ, како што тоа го прават и сите останати „нормални смртници“ меѓу родителите.
Братчето и сестричката носеа ускладени школски униформи, а возбуденото и пресреќно девојче цело време позираше со насмевка на лицето облечено во тегет униформа под која се познаваше белата кошулка, додека нејзиниот брат беше нешто помалку расположен.
Тие пред училиштето беа пречекани од бројни фоторепортери и новинари, кои не сакаа да го пропуштат овој посебен момент во животот на кралското семејство. Симпатичната мала принцезичка откако ги забележа, цело време им мавташе со рачињата и позираше со насмевка на лицето.
Принцот Вилијам изјави дека неговата ќерка е многу возбудена што тргнува на училиште. Како што пренесуваат странските медиуми, родителите за да ја заштитат и за да биде како и сите останати во училиштето, таа во дневникот ќе биде запишана како Шарлот Кембриџ, без титула.