Светот беше во шок кога на крајот од август 1997 година, на 37 години, почина еден од омилените членови на британското кралско семејство, принцезата Дајана.
Иако на медиумите и граѓаните им се допаѓаше, имаше и оние кои не ја прифатија, и тоа ќе биде прикажано во серијата „Paxman on the Queen’s Children“. Низ оваа серија, новинарот Џереми Паксман (68) ги истражувал животите на Чарлс (70), Ана (68), Андрева (58) и Едвард (54), но исто така и животите на нивните брачни другари.
Лејди Ди никогаш не се согласувала со принцезата Ана, сестра на принцот Чарлс. Тие дури и не се појавиле на истите настани бидејќи Ана знаела да ја „поклопи” со зборови, а Дајана целосно ја засенувала каде и да се појавела.
Освен со Ана, Дајана не се согласувала и со принцот Едвард, но уште од детството таа се дружела со Андрева. Заедно играле во имотот Сандрингем, и додека принцот бил во армијата на Фолкландските Острови, Дајана редовно испраќала писма до него и го информирала за она што се случувало во семејството.
Починатата Дајана имаше проблеми со нејзината мајка, Френсис Шанд Кид, која почина во 2004 година, на возраст од 68 години. Нивниот последен разговор не беше пријатен, и принцезата беше толку нервозна што кажала дека никогаш повеќе нема да разговара со неа.
„Гласот на г-ѓа Френсис беше пригушен, но она што го слушнав беше злооупотреба, пцовки и шокантни зборови за принцезата и нејзиното машко друштво. Тоа беше личен напад врз неа и мажите со кои се дружеше и со нивните верски убедувања – изјави нејзиниот поранешен батлер, Пол Барел, кој денес има 60 години. Тој не сакаше да открие се што ѝ кажала нејзината мајка на Дијана, но како што рече, беше многу грдо. Сепак, додаде тој, Френсис ја нарече принцезата „ку*ва“.
Иако нивниот брак се чинеше совршен, страстите меѓу Дајана и Чарлс наскоро исчезнаа. Тој беше опседнат со својата поранешна девојка, актуелната сопруга Камила (71). Дајана беше револтирана бидејќи Чарлс ја излажал дека тие се само добри пријател. Покрај тоа, тие беа многу различни, дури и во мали нешта како романите и книгите што ги читаа. Нивното одалечување ја зголеми љубомората на Дајана и честите испади на лутината. „Едно попладне, шест часа слушав во куќата како плаче и се жали. Таа фрлаше работи околу собата, го удираше мебелот … Беше ужасно, не можеше да престане “, му изјави Чарлс во една прилика на еден свој пријател.
Чарлс сфатил дека направил грешка во изборот, бил потполно беспомошен, очаен и изгубил самодоверба. Тој едноставно не го гледаше излезот од сè. Нивниот брак се распадна, а рамо за плачење беше неговата поранешна девојка Камила, со која тој повторно чувствуваше страст.
Ни Дајана не беше невина. Таа исто така го изневеруваше Чарлс, и на крајот парот реши да се разделат во 1996 година. Неколку години подоцна, насловните страници на најпознатите светски списанија беа полни со Дајана кога го пронајде Доди Фаед. Нивната љубов немаше среќен крај. Тие сакаа да избегаат од многуте папараци кои постојано беа зад нив, возачот возел по патот и ја изгуби контролата на возилото. Дајана и Фајед прерано го загубија животот.
„Кога влегов во собата и ја видов, навистина мислев дека сè е само шега , дека Дајана навистина не е мртва и дека ќе се разбудам од тој грозен сон”, рече поранешниот батлер на Дајана. Како што откри патологот Ричард Шепард , принцезата ќе преживеела ако била врзана во автомобилот. „Ќе поминеше само со модринка или евентуално со скршена рака“, изјави тој.