Принова на српската естрада: Популарната пејачка бремена од актерот – нејзината објава ги изненади сите
Откако се дозна дека српската пејачка Милица Тодоровиќ е во врска со актерот Петар Стругар, двојката стана многу попопуларна и почна да важи за најубав пар на српската сцена.
Но од неодамна се проширија и ииформации дека двојката ја раскинала врската, не можејќи да го издржи притисокот од јавноста.
Откако почнаа гласините дека нивната врска се растурила, многу обожаватели на социјалните мрежи се обидуваа да дознаат дали двојката се смирила и ја продолжила врската.
Така, откако пред некој ден Милица Тодоровиќ објави интересна фотографија, покрена лавина позитивни реакции на Инстаграм под нејзината објава.
Имено, таа објави фотографија од насловната страница на книгата „Вашето дете и вие од ден во ден“ со коментар дека ја нашла кај тетка ѝ и дека била „Најслатка книга било кога“.
После оваа објава тргнаа и првите честитки дека Милица е бремена од својот партнер Петар Стругар.
Но од нив, не стигна никаков доказ дека Милица се подготвува да стане мајка.
Веројатно, тоа ќе го стори подоцна, оставајќи ги фановите во неизвесност уште некое време.