Приказната што се крие зад оваа илустрација ќе ви објасни зошто мажите и жените понекогаш воопшто НЕ се разбираат
Приказната што се крие зад оваа илустрација е генијална
Еден маж и жена се најдоа во тешка ситуација.
Мажот не знае дека во длабочината има змија. Жената не знае дека има голем камен врз човекот.
Жената мисли:
„Не смеам да се искачам бидејќи змијата ќе ме изеде! Зошто човекот не се обиде малку повеќе? Зошто не искористи повеќе сила за да ме подигне?”
Мажот мисли:
„Јас сум во ужасна болка, но не се предавам и ќе ја извлечам жената до крај. Но зошто таа не се обидува малку повеќе? Зошто не проба да се искачи?
Поука
Понекогаш едноставно не можете да го видите притисокот под кој некој се наоѓа, и исто така не можете да ја видите и неговата болка. Но, таков е животот, без разлика дали станува збор за работа, семејство, за вашите чувства, пријатели … Треба да се обидете да ги разберете сите и да научите да размислувате на поинаков начин. Размислувајте повеќе за другите и обидете се да комуницирате подобро со нив.