Приказната со „спајдерменот“ од Мали станува уште поневеројатна
Според новите сознанија сагата за момчето што висеше на терасата на четвртиот кат од една зграда во Париз не е среќно, туку супер среќно завршена.

Имено, четиригодишното момче кое висеше од балконот е спасено само благодарение на брзата реакција на имигрантот Мамуду Гасами од Мали кој храбро и вешто се искачи преку терасите до детето и го спаси.
Но како што во меѓувреме се дознава, детето паднало од петтиот кат и при тоа успеало да се задржи еден кат подолу, од каде храбриот Мамуду со помош на комшијата го спаси и префрли на сигурно. Според странските медиуми, таткото на детето за тоа време играл „Покемон“.

Мамуду за ова го доби своето ново име Херојот од Париз
Тој беше примен и во Елисејската палата на прием организиран во негова чест од страна на претседателот Емануел Макрон и доби орден за храброст, а покрај тоа ќе биде вработен како пожарникар и ќе добие француско државјанство.



