Признавам тоа е тешко да се прифати.
Но, вистината е дека срцето полесно ќе ти се залечи ако не си дозволиш одново се да се скрши се до моментот кога ќе се соочиш со она што и онака цело време си го знаела: „Ако сакаше да биде со тебе, ќе беше со тебе.“ Има милион можни сценарија.
Кога ќе ти каже дека си неверојатна личност, но дека сепак не го чувствува истото што го чувствуваш ти. Или ако нема подеднакво силни чувства и е искрен со тебе. Или ако не може да сe одлучи или е збунет, а збунетоста е само негов начин да ви рече: Не. Да сакал да биде со тебе, веројатно не би се премислувал, туку би знаел дека те сака.
Но, без оглед на тоа дали е тој супер, кретен или нешто помеѓу, кога тој ќе каже „Не“, туку повеќе не се работи за вас или за него, туку за тебе и за тоа како ќе го продолжиш својот живот понатаму.
Непријатната вистина, но сепак де факто е вистина, која ќе ти помогне да продолжиш понатаму е: „Ако сакаше да биде со тебе, ќе беше со тебе.“ Лесно е да се смешкаш и да си велиш: „Само му треба време и простор“ или „Само се плаши од своите чувства и треба да го уверам дека нема од што да се плаши“ или „Тој има кренато ѕидови околу себе, а јас ќе ги срушам.“
Сети се на тоа што чувствуваш кон него. Колку ти се лесни чувствата, природни и очигледни. Како немаш потреба да се преиспитуваш дали би сакала да бидеш со него или не, затоа што едноставно тоа е нешто што го чувствуваш.
Сети се дека иако и ти се плашиш да се отвориш и не сакаш да бидеш повредена, сепак сакаш да се обидеш со него, затоа што така си одлучила. Си сакала да бидеш со него и си била. Одлука била едноставна. Можеш ли сега да замислиш дека ги чувствуваш овие работи, а сепак да одлучиш да не си со него?
Затоа ти е скршено срцето – затоа што тој не го чувствува истото. Тој не се чувствувал сигурно покрај тебе, а ти тоа не можеш да го промениш.
Можеш да го пуштиш срцето да ти се скрши еднаш, наместо милион пати одново да го кршиш уверувајќи се себеси дека згрешил, дека му недостасуваш и дека треба да му се јавиш. И дека можеби ќе ти се врти и ќе остане со тебе засекогаш. Сакај се сама себе си доволно за да можеш искрено да си признаеш: „Да сакал да биде со тебе, би бил со тебе“