Преубава вест од Сузана Спасовска – ја израдува публика и посебно православните верници: Ова звучи БОЖЕСТВЕНО!
„Браво Сузе, секоја чест“, „Ова збучи божествено“ и порачуваат фановите на пејачката…
Нашата позната фолк-пејачка Сузана Спасовска објави вест со која ги израдува нејзините бројни обожаватели.
Спасовска на својот профил на Фејсбук откри дека веќе неколку месеци работи напорно на црковниот проект Териерем заедно со Георгиј Секуловски (поддршка, консултации, вокал) и Вокален клирос “Пелагонитиса”.
Како што самата вели во својата објава, во прашање се Православни литургиски химни кои пејачката со својот беспрекорен глас ќе се обиде да ги доближи до народот и помладата популација.
Еве што напиша Спасовска на својот профил:
„Драги пријатели, со многу љубов и трпение, работиме неколку месеци на црковниот проект “Терирем”( аудио материјал наскоро, но и промотивни концерти, ако Бог даде). Сузана Спасовска – солист, Георгиј Секуловски ( поддршка, консултации, вокал) и Вокален клирос “Пелагонитиса”. Ова е обид, одбраните верзии на Православните литургиски химни да ги доближиме до народот и помладата популација“.
„Црковните песнопоенија и фолклорот се природно поврзани, а Бог ни дал слобода секој да ги почувствува на свој начин во своето срце“.
„Видеото и фотографиите се на една, од првите проби за солист. Со добра мисла и Божја помош до целта“, објави Сузана.
Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска
Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска
Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска