Преубава вест од домот на една од најубавите жени во Македонија – цело семејство блеска од среќа
Познатата водителка и нејзината сестра споделија преубава вест на социјалните мрежи
Посебен ден за цело семејство
Ова е посебен ден за семејството на Хелена Роза која веќе неколку години живее и работи во Нов Зеланд.
Кај неа овие денови на гости и дојде нејзината сестра Ребека Јанковска – Ристески заедно со своите деца, а сега Хелена сподели уште една вест со која што ги израдува своите бројни фанови на Инстаграм.
Имено, наследничката на Хелена, Кјара Гоља се венчаше со своето момче Стефан Пауни, па на Инстаграм ги покажаа прстените.
Фото: Инстаграм
Потсетуваме, Кјара минатиот месец беше запросена од своето момче со кое е во врска веќе неколку години.
Фото: Инстаграм
Таа со својата мајка пред скоро 10 години се пресели во Нов Зеланд, заедно со сопругот на Хелена, Игор, и нивниот син Тиан.
Фото: Инстаграм
Хелена и Игор оваа година прославија 15 години брак, а поранешната водителка деновиве го прослави и својот 47 роденден.
Фото: Инстаграм
Во Нов Зеланд е и мајката на познатите сестри, Роза, а оваа е една од ретките фотографии на кои овие три грации се заедно.
Фото: Инстаграм
Потсетуваме, Хелена беше една од нашите најпознати водителки, но откако се омажи со семејството се отсели во Нов Зеланд.
Фото: Инстаграм
Водителката никогаш не криела колку е вљубена во поранешниот фудбалер кој е 11 години помлад од неа.
Фото: Инстаграм
Тоа можевме да го видиме и неодамна, кога за неговиот роденден го изненади со романтична порака на Инстаграм.
Фото: Инстаграм
Хелена често споделува фотографии на социјалните мрежи, а од овие објави може да видиме дека и денес изгледа одлично.
Фото: Инстаграм
Таа важи за жена за која годините се само бројка, а повеќе од очигледно е дека е најсреќна кога е со своите најблиски.
Како тие ги минуваа овие посебни денови, погледнете во продолжение…