Преубава вест: Кајмакоски наскоро ќе стане татко – пејачот објави ФОТОГРАФИИ од бремената сопруга и го откри полот на бебето
Не престанува да добива честитки од своите верни фанови…
Пејачот Даниел Кајмакоски објави неколку фотографии од својата бремена сопруга и ги изненади сите.
Тој пред неколку месеци застана под олтарот и се ожени со својата сакана, а сега објави и дека очекуваат принова.
Тој објави неколку фотографии од сопругата, на кои во преден план е нејзиниот труднички стомак.
„Кога љубовта ќе се претвори во живот, среќата добива едно име. Го чекаме нашето мало момче“ напиша Даниел воедно откривајќи и дека неговата сопруга носи машко дете.
Инаку, Даниел веќе го има синот Давид со нашата позната манекенка и пејачка Кристина Димитријевска.
Тие три години беа во брак, а по разводот решија да останат во добри односи заради нивниот заеднички син.
Даниел во тоа време целосно се повлече од медиумите, а во една пригода откри дека тоа го направил за да има повеќе време за семејството, надевајќи се дека можеби ќе почнат работите да функционираат.
Но, како што самиот вели, и покрај тоа што дал сé од себе, не успеал да го спаси бракот од кој во 2017 го доби синот Давид кој сега живее со неговата мајка.
Кајмакоски се прослави со победата во „Икс фактор“ во 2014 година, по што ја претставуваше Македонија на Евровизија во Виена.
По потекло е од струшкото село Мислешево, а на седумгодишна возраст заминува со семејството да живее во Виена.
По победата во „Икс фактор“ се враќа во Македонија, а денес заедно со својата партнерка живее во Белград.
Како Кајмакоски изгледаше на почетокот од својата кариера, кога во популарното музичко шоу ги освои сите со својот беспрекорен глас, потсетете се во продолжение.
Фото: Икс Фактор
Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски