А како и нема кога стилист и е нејзината мама
Кејт Мидлтон е позната по тоа дека често знае да носи „рециклирана“ облека, но овој пат на божиќната честитка можевме да видиме дека тоа го применува и на своите деца. Имено малата Шарлот на фотографија која беше објавена од Кенсингтонската палата го носеше џемперот што малиот принц Џорџ го носеше во 2016 година на кралскиот роденденски портрет што го снимаше прославената Ени Лејбович со кралицата Елизабет II и нејзините внуци.
https://www.instagram.com/p/BEcJNZgOBSN/?utm_source=ig_embed
Во прашање е џемпере во морнарска сина боја, со копчиња и со потписот на шпанскиот бренд „Fina Ejerique“ кој принцезата Шарлот пред божиќната честитка го носеше и на првата официјална фотографија со најмладиот член во кралското семејство, принцот Луис.
Иако нивните родители имаат милиони и кралски титули наследниците на принцот Вилијам и војвотката Кејт малку се разликуваат од своите врсници. Нив ги воспитуваат да бидат поштетни, скромни, благодарни и да не се расфрлаат, а тоа се гледа и по нивниот начин на облекување.