Прекрасни вести пристигнуваат од македонската Гранд ѕвезда – НЕЈЗИНОТО МОМЧЕ ја запроси, Мими е пресреќна! (фото)
Младата македонска пејачка сподели прекрасни вести, честитки не престануваат да пристигнуваат.
Шармантната Мими Јовановска го освои целиот Балкан со својот извонреден глас, но и изглед таа ги освои публиката и жирито уште на првиот нејзин настап, а најмногу нејзиниот ментор Џенан Лончаревиќ.
„Таа има се што и е потребно на една пејачка. Има добар фалсет, добра динамика“, изјави тој во една пригода за неприкосновениот талент на Мими.
Македонија оваа година имаше со кого да се гордее на шоуто.
Снимката од нејзината изведба на безвременската бала од Пепи Бафтировски „Ако згрешам нека изгорам“ и „Животе мој“ од Уснија Реџепова е една од најгледаните на шоуто. Младата Мими овие песни ги изведе на генијален начин и предизвика овации кај публиката.
Од жирито доби само пофални зборови. Сите беа воодушевени од нејзиниот глас и не го криеја тоа.
Она што можеби малкумина го знаат е тоа дека во „Ѕвездите на Гранд“ ја пријавила нејзината мајка. Младата пејачка истакна дека нејзиното семејство е нејзина најголема поддршка во кариерата.
Талентот за музика го наследила од нејзината мајка, која исто така има талент за пеење.
Она што може да се забележи од фотографиите кои пејачката ги споделува на социјалните мрежи е нејзината неверојатна сличност со мајка ѝ.
Пејачката вели дека често добиваат коментари дека личат на сестри.
Нејзината мајка и помладиот брат живеат во странство, па Мими е особено среќна кога тие се враќаат во Македонија.
Освен најблиското семејство, голема поддршка на пејачката во кариерата ѝ е нејзиното момче Филип.
„Секогаш ми е поддршка, ми укажува на моите грешки при настапот и се труди да ме мотивира“, изјави таа за медиумите.
Деновиве убавата Мими сподели прекрасни вести.
На својот Инстаграм профил објави фотографии преку кои покажа дека му кажала “да” на своето момче.
Филип се погрижил за романтичното запросување и го украсил местото, но повеќе детали за целиот чин сѐ уште не соопштија. Балони, свеќи и цвеќиња се гледаат во позадина на фотографиите, а насмевката на нивните лица кажува сѐ.
„Милион пати да”, напиша Мими во опис на фотографиите и го покажа вереничкиот прстен.
Во коментари веднаш почнаа да се нижат коментари со честитки посветени за парот.